Заев апелира на мирни протести


Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска ги повика граѓаните мирно да протестираат, а припадниците на полицијата да не употребуваат, како што рече, прекумерна сила врз граѓаните.

– Ова се нашите полицајци и ние мора да водиме грижа за нив, но истовремено испраќам порака и до нашите полицајци да не се случува прекумерена употреба на сила бидејќи тоа се наши граѓани коишто имаат право на свои чувства и реакции, изјави Заев по потпишувањето на Платформата за демократска Македонија од страна на Демократската обнова за Македонија.zaev sudenje 2

Тој додаде дека ќе биде дел од денешните протести организирани од невладините организации, но оти и таму ќе апелира протестите да бидат мирни.

– Знам дека и денеска има најавено протести. Секако и јас ќе бидам учесник на овие протести заради тоа што како граѓанин се приклучувам на организацијата на невладините организации. И таму ќе апелирам на мирни протести водејќи грижа за нашата заедничка Македонија, рече Заев.

Тој изрази задоволство што се зголемува бројот на потписници на Платформата за демократска Македонија.

– ДОМ, како сериозна партија, застанувајќи зад овој документ навистина испраќа сериозни пораки на самата вредност на документот и начелата на коишто полага Платформа за демократска Македонија, рече Заев.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1