Преговорите околу нацрт амандманите за промена на Уставот продолжуваат.
Премиерот Заев вели дека предлозите кои што вчера ги добиле од независната пратеничка група ќе бидат преточени во текстови кои ќе бидат презентирани и пред опозицијата и пред грчката страна. Ќе се преговара и со опозициските албански партии, но нивните предлози според Заев во моментов се пре амбициозни.