Заев: Бомбите за Монструм, Младенов, А1 и името ќе го натераат Груевски да поднесе оставка


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за Дочје Веле, вели дека случаите „Монструм“, „Никола Младенов“, затворањето на А1 телевизија и прашањето за името, што ќе ги објави опозицијата, ќе го натераат Груевски да поднесе оставка. Според Заев и покрај тоа што Груевски се обидува да демонстрира истрајност и нормалност, по објавувањето на поголем дел од подготвените 90 бомби, притисокот врз Груевски ќе биде многу голем за тој да може политички да преживее, пишува во интервју на Заев за „Дојче Веле“

gruevskizaev„Ако, на пример, има 90 теми, пакети за објавување, најголемиот дел од нив се и тоа како податливи за да бидат пресвртен момент. Граѓаните ќе дознаат до каде отишол Груевски во трговијата со името на државата, што се случувало со Мартин Нешковски, за финансиските криминали, што се случувало со А1 телевизија и со други случаи како што е „Монструм“, со Никола Младенов… Бидејќи Заев и СДСМ ги поседуваат доказите, ние немаме намера да прогнозираме до кога Груевски ќе може вака да издржува, туку знаме дека неговото време истече. Груевски е минато. Преодна влада мора да има и избори мора да се случат. Тоа е неизбежно“, рече Зоран Заев, лидер на СДСМ.

Заев вели и дека ако Груевски не замине самиот, на тоа ќе го принудел народот преку масовни протести.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1