Заев: Да го шириме почитувањето и разбирањето едни за други и да создаваме дела за идните генерации


Премиерот Зоран Заев упати писмо со честитки по повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, Сулејман Реџепи, со порака и желби до сите верници од исламската вероисповед, празникот да ги исполни со топлина и радост нивните домови и души.

Во честитките по повод Рамазан Бајрам, премиерот посакува празникот и оваа година да биде повод за зацврстување на верата и надежта во подобра иднина и напредок, и да биде уште еден придонес за заедништво во семејствата, меѓу соседите, пријателите и меѓу сите луѓе со добра волја и мисла.

– Со искрената посветеност на Бога, сите заедно и искрено да продолжиме со традицијата која со векови живее на овие простори. Да ја јакнеме Македонија како пример за соживот, почит и разбирање за луѓето од сите вери и нации, и да создаваме дела и вредности за следните генерации, се вели во честитката од премиерот Заев до муслиманските верници во Република Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1