Заев: Да живее Република Северна Македонија


Премиерот Зоран Заев на Фејсбук сподели честитка повод Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември.

8 септември, Денот на независноста е еден од најсветите и најсветлите датуми од историјата на Македонија. Во јубилејот 30 години независност е собрана нашата историја, нашите надежи, нашите сеќавања, нашите остварени стремежи.

Почитувани Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци… Почитувани Бугари, Хрвати, Црногорци и сите други,

Нека ни е честит јубилејот – 30 години независност. Нека ни се вековити самостојноста и државата.

Да живее Република Македонија!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1