Заев до шампионите: Вашиот успех е мотив да се инвестира повеќе во спортот ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО


Успехот кој го постигнавте е многукратно поголем за промоција на Македонија, од сите амбасади и економски промотори, рече премиерот Зоран Заев пред ракометните шампиони од ракометниот клуб Вардар, кои денеска имаа прием во премиерскиот кабинет.

Заев, честитајќи им ја шампионската титула рече и дека нивниот успех ја мотивирала Владата да размислува за засилено темпо во инвестирањето во спортот и за дополнително предлагање закони кои ќе бидат во насока на подобрување на условите за спортистите.

Од името на Владата, тој на ракометарите им врачи свечена плалета, а сопственикот на РК Вардар Сергеј Самсоненко, на премиерот му даде еден од шампионските златни медали.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1