Заев: Државата ќе гарантира откуп на земјоделските производи


Претседателот на СДСМ и носител на кандидатска листа во ИЕ4, Зоран Заев, денеска од Росоман порача дека државата ќе гарантира откуп на земјоделските производи.zaev-5666

– Денеска во Росоман имавме прилика да се видиме со многу луѓе кои продаваат овде, но секако и луѓе кои што купуваат. Сето тоа што го зборуваат сите е исто, тежок живот, се нема пари. Ниту се задоволни тие луѓе што продаваат, ниту тие што купуваат, изјави за медиумите Заев.

Оваа срцевина на Тиквешијата, како што рече, блика со работлив народ, со чесен народ, со скромен народ, кој долги години живее во сиромаштија, а оваа година е посебно тешка.

Тој рече дека откупот и цените за праските, грозјето и остатокот од земјоделско производство кое што се обработува во овој земјоделски крај, е со катастрофални последици.

Порача дека ова време завршува и дека државата треба да обезбеди пласман на земјоделското производство.

Претседателот на СДСМ рече дека земјоделците не очекуваат од политичарите да копаат, да вадат, да берат и да продаваат земјоделски производи, туку да ги отворат пазарите, да обезбедат откуп и да направат конкуренција кој повеќе ќе плати да го купи земјоделското производство.

– Отсекогаш овие скромни луѓе, овие земјоделци, овие наши сограѓани сакале едноставен, скромен, спокоен и слободен живот, верувам дека нивната мајка Македонија тоа може да им го овозможи, рече Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1