Поранешниот премиер на Република Македонија Зоран Заев на Фејсбук информираше дека ги предал кабинетот и функцијата на новиот премиер, Димитар Ковачевски.
„Денеска ги предадов функцијата и кабинетот на новиот претседател на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.
Нему и на министрите им посакувам успех во работата и исполнување на програмата и приоритетите на новата Влада за наредниот период, работејќи исклучиво за интересите на граѓаните и на државата.“ – напиша на Фејсбук екс премиерот Зоран Заев.