Заев, Груевски, Џафери и Ахмети на средба кај Иванов


Синоќа во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија „Вила Водно” се одржа средба на која присуствуваа претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и претседателот на политичката партија ДУИ, Али Ахмети.

„Средбата се реализира како резултат на претходно започнатите разговори. На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања во Република Македонија и се разговараше за решенија за излез од моменталната состојба на тензичност во државата, а која што предизвикува загриженост кај граѓаните.

Соговорниците се согласија дека е неопходно сите чинители во општеството да се насочат кон градење консензус за национален дијалог, во функција на помирување и нормализирање на политичките процеси, како основа за продолжување на реформските приоритети на Република Македонија. За прашањата кои предизвикаа интерес на оваа средба, разговорите ќе продолжат и во иднина“, информираат од кабинетот на Иванов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1