Владината реконструкција ќе биде на маса пред премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети кон крајот на идната недела, потврди за Плусинфо висок владин функционер.
Сѐ уште не се знае колкумина од владиниот кабинет ќе бидат сменети.
Заев ќе има уште една средба и со претседателот на Алтернатива Африм Гаши за да се прецизира наследникот на Асаф Адеми во министерското столче за Kултура.
Засега нема потврда дали Заев ќе се сретне и со лидерот на ДПА Мендух Тачи и дали ќе има промена на функционери на ДПА во Владата.
Инаку, Заев ја најави чистката уште на митинг на Стево Пендаровски во Карпош, а тогаш Дац му подари метла, по што метлата стана хит.Заев истакна дека чистка и одогворност мора да има.