Заев и Борисов на заедничко поклонение во Рим


Македонија и Бугарија заеднички го чествуваат денот на сесловенските просветители, Кирил и Методиј.. Премиерите Заев и Борисов, со владини делегации од двете држави положија цвеќе на гробот на Св. Кирил.. Во базиликата „Сан Клементе“ се поклонија и претставници на Македонската православна црква и Римокатоличката црква од Македонија.

Владината делегација од Македонија, во која Заев е придружуван од министрите за култура и внатрешни, свежо цвеќе положи и на споменикот на светите Кирил и Методиј во Амбасадата на Бугарија во Рим.

Дводневната официјална посета на Италија, Македонскиот владин тим ќе ја заврши утре.. Премиерот Заев ќе учествува на Аудиненција кај папата Франциск во Апостолката палата во Ватикан.. Ќе се сретне и со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Паролин.

Инаку по повод денот на сесловенските просветители честитка упати претседателот на Државата Ѓорѓе Иванов.

„Она што старословенскиот беше за словенството, тоа е современиот македонски јазик за нашето мултиетничко македонско општество – заеднички јазик кој овозможува рамноправна интеграција без асимилација на сите нејзини членови“, пишува претседателот Иванов.

Како народ треба да се стремиме и создадеме општеството кое почива врз вредностите кои ни ги оставија светите Браќа Кирил и Методиј, пишува во својата честитка лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Делото на светите браќа Кирил и Методиј е воедно и потврда за македонскиот јазик, за македонската литература и култура, црква и традиција, револуција и историја, за македонското име и идентитет“, напиша Мицкоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1