На денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека по добиената информација дека еден новинар од телевизиски медиум е позитивен на корона вирусот и дека лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имале контакт со истиот тие се ставени во задолжителна домашна изолација.
- Истиот новинар во текот на минатата недела имаше ТВ интервјуа со лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, и Мицкоски и Заев се тестирани на коронавирусот. Резултатот од тестот на Мицкоски кој доцна синоќа беше изработен е негативен, но тој ќе биде во задолжителна домашна изолација 14 дена до истекот на последниот ден од контактот со заболениот во овој момент нема потреба од посебни епидемиолошки анкети. Лидерот на СДСМ Зоран Заев со оглед на тоа дека синоќа беше заминат за Струмица ќе биде тестиран во текот на денот, но и тој е ставен во домашна изолација – изјави министерот за здравство Венко Филипче.