„Нов натпревар, нова радост за Македонија на Европското првенство во ракомет. Тимската игра, поддршката од трибините и вечерашнава победа ни донесе сигурно место во наредната фаза. Ваква игра води само напред, браво момци“, напиша премиерот Зоран Заев на социјалната мрежа Фејсбук честитајќи и ја втората победа на ракометната репрезентација на Македонија.