Заев, Јовановски и Ивановски ги здружуваат кандидатурите?


Зоран Заев, Зоран Јовановски и Игор Ивановски најверојатно ќе настапт со заедничка кандидатура. Кој ќе биде новиот кандидат за претседател кој ќе ја бара поддршката на Конгресот ќе треба да се реши во наредните денови. Од СДСМ потврдија дека Извршниот одбор на вечерашната седница ги прифатил сите 4 кандидатури, пишува Прес 24.

sdsm-naslednik1-640x320

„Во рамките на оваа точка произлезе дека кандидатите Заев, Јовановски и Ивановски имаат доставено приближно компатибилни концепти. Овие кандидати изразија подготвеност заради поуспешен Конгрес, да вложат значителен ангажаман во наредните неколку дена да се направи приближување и усогласување на концептите а преку таквиот позитивен пристап што е можно повеќе да се намали бројот на кандидати за Претседател на СДСМ“ – велат од најголемата опозициска партија.

sdsm lider kojПокрај нивната заендичка кандидатура на Когресот ќе се гласа и за кандидатурата на Кире Наумов кој исто така ја помина верификационата комисија. Делегатите на Конгресот ќе можат да гласаат и за кандидатурата на актуелниот лидер Црвенковски, доколку тој претходно не се повлече. Неговата кандидатура оди директно на Конгресот и за неа вечерва на Извршниот одбор на СДСМ воопшто не се расправало.

Press24 побара информации од СДСМ дали дефинитивно ќе има здружување на кандидатурите на тројцата кандидати кои се дел од највисоките партиски тела. Висок партиски функционер за Press24 рече дека не може да прејудицира.
Конгресот на СДСМ е закажан за 2 јуни

Прес24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1