Заев: Канческа-Милевска ги знае сите детали, не знам дали ќе гласа


Има информации дека пратеничката Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени, дали е тоа точно и дали го загрозува двотретинското мнозинство, е едно од прашањата на кои премиерот Зоран Заев одговараше.

– Не знам за ниту еден пратеник. Пратеничката Елизабета Канческа Милевска е координатор на новата пратеничка група и таа е длабоко влезена во процесот на разговорите за сѐ. Работи буквално како нас во Владата, креаторите на амандманите. Знам дека знае за сите детали, секако одлуката ќе ја носи лично таа, нејзината пратеничка група, секој пратеник поединечно, па и вкупно сите 120 пратеници, па и очекуваните 80. Не можам да кажам дали без еден пратеник ќе има 80 или не. Не знам дали ќе бидат 80, дал 79, дали 82, дали 78. Никој тоа не може да го каже – рече Заев, пренесе Плусинфо.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1