Заев: Ќе ги почитувам судските одлуки, oчекувам правда!


Денеска почна судењето за процесот познат како „Поткуп“. откако беше одложено денешното рочиште изјава даде актуелниот премиер Зоран Заев

Правно – формалното дејствие започна со барањето од моите адвокати за употребливоста на посебните истражни мерки од аспект заради тоа што се тие јавно објавени. Согласно закон посебно истражна мерка којашто е јавно објавена не се употребува како доказ. Бевме на двоумица дали таа снимка да ја презентираме јавно во целовитоста, за да се дознае во суштина самиот предмет или да бараме нејзино изземање заради тоа што законот тоа го дава. Сепак одлучивме да ги користиме сите законски можности и Судот ќе донесе решение согласно барањето на адвокатите и буквално ние сме на двете страни. Како и да одлучи Судот, така и ќе ги користиме нашите права.

Јас лично како обвинето лице очекувам и сакам таа снимка да излезе во јавноста да се види целовитоста на дејствието коешто се случувало и да се види дека ниту имав намера, ниту се случил било каков поткуп. Но истовремено согласно правото и она што законот го овозможува недозволиво е да се заобиколи тој дел од законот, а вакви посебни истражни мерки коишто судот и претходно одлучувал да бидат изземени како докази во постапката и од таа можност заедно со мојот правен тим донесовме одлука, денеска да го побараме тоа законско право коешто ни следува. Секако штом судот ќе се изјасни веднаш продолжуваат следните дејствија кадешто очекувам правда.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1