Истурил бензин и му го запалил автомобилот – за малку ќе ја запалел и куќата


Во дворот од куќата сопственост на 33-годишниот Е.М. синоќа помеу 21 и 02.30 часот во Богданци, непознат сторител со запаливо средство, најверојатно бензин, испрскал патничко возило „рено меган“ со гевгелиски регистарски ознаки и го запалил, информира Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата велат дека возилото целосно изгорело, а од пожарот била зафатена и влезната врата од куќата на Е.М..Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Гевгелија – велат од МВР.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1