Заев ќе ги пука „бомбите“во понеделник – Проект „Вистината за Македонија“


Централниот одбор на СДСМ на вечерашната седница го овласти раководството на партијата да се обелоденат документите за незаконско прислушкување на илјадници граѓани, за целосна контрола и злоупотреба на сите државни институции во партиски и изборни цели, да се објават материјалите за злоупотреба за груби нарушувања на изборниот процес, вклучувајќи криминал и корупција во највисоките ешалони на власта.zaev sdsm

Во заклучоците од вечерашната седница на ЦО е констатирано дека документите ги потврдуваат ставовите на дел на домашната и странската јавност за притисок врз медиумите, слобода на изразување, диктирана правда, целосна контрола на државните институции од врхушката и за згазена правна држава. Во заклучоците е нагласено дека според Уставот и законите на Република Македонија, никој нема право да го спречи објавувањето на документите.

– Од понеделник почнуваме да ги објавуваме сите материјали, вистината, драги мои граѓани на Македонија, ќе излезе на виделина – изјави за Плусинфо лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Седницата траеше три часа и на неа беа присутни сите членови на ЦО, кои едногласно ја донесоа оваа одлука. Интерес за седницата на Централниот одбор на најголемата опозициска партија имаа и странски медиуми, кои заедно со македонските колеги ја чекаа одлуката на раководството на СДСМ, која се носеше зад затворени врати.

Плус Инфо

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1