Заев ќе го расчистува скандалот со книгата на АМС


По скандалот со објавената збирка поезија од страна на Агенцијата за млади и спорт, директорот на оваа институција Дарко Каевски денеска ќе има средба со премиерот Зоран Заев.

-Директорот вчера се извини како покровител и потпишувач на проект за млади поети. Тој навистина не е должен да чита се што има во материјалот, ниту, пак, е должен да го провери целиот материјал. Јас како градоначалник имам помагано финанисирање на книги, и како комерцијален директор имам помагано во објавување книги. Не сум ги читал сите тие книги и детали и од таа причина не сум човек кој веднаш разрешува луѓе или слично, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање дали ќе го разреши Каевски.

Според него, директорот на Агенцијата за млади и спорт е добар кадар, кој покажал добри резултати и добро ја води самата институција.

– Денеска ќе имам состанок, сакам да ги видам сите детали и од тој аспект заедно ќе донесеме одлука за оваа работа, но споделувам тоа што во моментов го чувствувам, рече Заев.

Осудувам, додаде тој, ваков вид на дискриминација на погани зборови што се испратени во јавноста.

Според него, институциите мораат да бидат внимателни, посочувајќи дека во мал дел од институциите е променета структурата.

– Функционираат стари комисии, раководителите на секторите и на одделенијата се стари, законите се бетонирани, не можете да поместите раководител без негов исказ. Тоа е тој што меѓу другото ги креира политиките внатре. Зборувам за сите институции така што веднаш не треба да се бара одговорност, ако во суштина и во детали не постои таквата одговорност, рече Заев.

Во врска со ситуацијата со џебното вето за Законот за јазици чиј указ за прогласување претседателот Ѓорге Иванов одби да го потпише, Заев кажа дека правните експерти сеуште бараат излез од оваа ситуација. Според него, излез има и тој ќе биде пронајден, а јавноста навремено ќе биде информирана.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1