Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на седницата во Собрание на Република Македонија постави до премиерот Зоран Заев прашање за неговото видување за писмото кое што деновиве беше обзнането од медиумите испратено од страна на амбасадорот Џес Бејли до Основниот суд Скопје 1 до Владате преку министерството за правда до Претседателот на Судски Совет и до Претседателот на Скопска Апелација.
-Почитуван господин Заев, сакав да го знам вашето мислење дали ова писмо во кое што се цитира разочарувањето на американскиот амбасадор од злоупотребата на неговата функција или амбасада е и ваше разочарување, а поврзано со можна злоупотреба и местење на одредени судски процеси при изрекувањето на мерки притвор или при определувањето на пресудите, запраша Милошоски.
Милошоски го образложи прашањето дали Заев како премиер чија што влада има претставник во Судскиот совет, а тоа е министерот за правда без право да одлучува но со право да работи во Судскиот совет и да покренува иницијативи, дали владата која што ја предводи ќе покрене иницијатива во Судскиот совет според неговата надлежност за да се поведе истрага кои судии или судови злоупотребиле авторитет на странски амбасадор на пријателска држава за местење на судски процеси или на судски одлуки, или пак пресуди.
Министерката за правда, Рената Дескоска, ќе добие инструкции да го отвори прашањето во Судскиот совет што го покрена американскиот амбасадор Џес Бејли во писмото пратено до претседателите на судовите, со кое бара од нив да не ја посочуваат Амбасадата за одговорна за одлуките што ги носат за притворите и пресудите – порача денеска премиерот Зоран Заев од собраниската говорница.
– Ако имало таква работа, да се посочи и да се понесе одговорност. Ако немало, да биде начисто Америка преку својот прв репрезент – американскиот претседател, бидејќи кога зборува амбасадорот, зборува земјата. Тоа е доволен сигнал да преземеме одредени дејствија и анализи за да видиме што е во суштина причината да дојде до такво писмо – рече Заев, одговарајќи на пратеничко прашање.
Самиот чин на испраќање на писмото, смета Заев, треба да не загрижи сите.
– Не ги знам деталите и каде е сомневањето што амбасадорот Бејли го нотира во писмото. Повеќе ја сфатив пораката да се испрати до правосудството и да не се вадат на Амбасадата при носење на одлуките. Амбасадорот го има тоа неколку пати кај мене номинирано, кај шефот на опозицијата и кај други политички претставници. Јас сум еден од сведоците дека и во времето на Пржинскиот договор се зборуваше дека Американсата амбасада тоа го наметнала, ЕУ го наметнала, а сите знаеме дека ние ги носевме одлуките, а од нив баравме да бидат медијатори – рече Заев.