Премиерот Зоран Заев попладенво на прес-конференција во Владата (15:00) ќе ја информира јавноста за усогласениот текст на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија, кој беше усвоен на синоќешната владина седница.
На прес конференцијата ќе присуствува и министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Влада на синоќешната седница го прифати Извештајот за извршените преговори и усогласениот текст на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.
Владата донесе одлука со којашто се определува премиерот Зоран Заев да го потпише Договорот.