Заев ќе тужи за краставиците (Видео)


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, својата чест и углед како и честа и угледот на своето семејство, откако излегоа информации за евентуалната негова поврзаност со краставиците со пестициди, ќе ги брани со тужби. Заев ќе ги тужи и „медиумите и порталите“, кои, според него, објавиле невистини за овој случај, но и фирмите и земјоделците, за кои смета дека се вклучиле во агресивната и безобразна кампања против него

zaev– Очекувана, предвидлива и безобразна е агресијата на власта врз мене и моето семејство. Не можат да поднесат што јас и СДСМ аргументирано ги обелоденуваме криминалите на роднинско-партиската олигархија на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе бидат повикани и извесниот господин Никола, кој се претставува како претседател на некакво здружение на земјоделци, и другите земјоделци што изнесоа гнасна лага и го обвинија моето семејство за загрозување на здравјето на граѓаните. Секој соучесник во диригираната операција на власта за рушење на честа и угледот на Заеви, нема да остане неказнет – рече лидерот на опозицијата, најавувајќи ги тужбите.

“Во судот ќе биде повикан и извесниот господин Никола, кој се претставува како претседател на некакво здружение на земјоделци и инволвираните пет-шест земјоделци кои изнесоа гнасна лага и го обвинија моето семејство за загрозување на здравјето на граѓаните”, изјави Заев.
Тој додаде дека верува во судската власт и оти ќе преземе се што е потребно за да бидат казнети сите што се соучесници во нарушувањето на угледот на неговото семејство.

Асоцијацијата на земјоделци на Македонија преку соопштение вчера реагираше на изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека ќе бара одговорност од сите што го нарушиле угледот на неговото семејство во врска со случајот со извозот на корнишони со вишок пестициди.
“Зоран Заев треба да биде свесен дека вербалниот напад и заканата врз земјоделците претставува напад и непочитување врз сите земјоделци во Република Македонија. Не е човечки со закани за тужби и судски рочишта да се замолчуваат земјоделците, особено што ние со чесна работа произведуваме храна и посветуваме огромно внимание на здравото и квалитетно производство кои се трудиме да го продадеме како бренд надвор од Македонија, наспроти оние кои набрзина, па макар и со затруени краставици сакаат да заработат, се вели во писмената реакција.

Од Асоцијацијата оценуваат дека навредите врз земјоделците не може да го избришат фактот оти со продажбата на отровни краставици се нанесува штета на македонскиот извоз.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1