Инвестициите од Фејсбук и Гугл се можни да се реализираат во Македонија.
Ова е извесна можност и штом ќе имаме податоци ќе излеземе пред Парламантот за промена на данокот за добивка за компаниите од информатичката технологија, да го намалиме од 10 на три проценти, оти тоа е дел од пакетот на понудата во разговорите со ваквите компании, рече премиерот Зоран Заев на денешната собрансика седница посветена на пратенички прашања.
-Ако Македонија ги заокружи политичките процеси и тоа се потврди преку уставните измени и стане извесно членството на НАТО, кое е важно за вакви компании за да ја реализираат својата инвестиција сите заедно ќе му помогнеме на бордот директори да донесе позитивна одлука за инвестицијата во Македонија, рече Заев одговарајќи на прашање од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.
Милошоски реплицираше дека кога биле најавувани овие две инвестиции не биле условувани со членството на Македонија во НАТО. Најавата дека Владата е во напредна фаза во преговорте со ФБ и Гугл во септември 2017 значи дека сите ветувања за странски инвестиции биле лажни, рече Милошоски.