Заев: На 11 декември ќе се одлучува судбината на многу следни генерации


На 11 декември нема да ја одлучуваме само судбината на нашата генерација, туку и на многу следни генерации. Овие избори се референдум на кој граѓаните ќе бираат дали сакаат да живеат во осиромашена и криминална држава или во богата и правна држава, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев по потпишувањето на договорот со кој четирите најголеми партии се обврзаа да се одржат вонредни парламентарни избори на 11 декември.zoran-zaev

– Се изборивме граѓаните на Македонија на 11 декември да може слободно да гласаат. Времето на изборно насилство и фалсификување на слободната волја на граѓаните заврши. На 11 декември ќе ги поразиме сиромаштијата, криминалот, корупцијата, етничките поделби, омразата, партизацијата на институциите, хајките, нарачаните судски процеси и мафијата. Мора да ставиме крај и на иселувањето на младите луѓе и на опустошувањето на земјата, изјави Заев.

Тој нагласи дека 11 декември доаѓаат, како што рече, промените и новата иднина за граѓаните.

– Го предупредуваме ВМРО-ДПМНЕ да не помислуваат повторно да го прекршат договореното и повторно да ја заложат Македонија. На секое ново прекршување на Договорот од Пржино, а посебно на уривањето на Специјалното јавно обвинителство, СДСМ жестоко ќе одговори, рече Заев.

Прашан зошто прифатиле само делумен исчекор во делот на медиумите, Заев рече дека биле исправени пред одлуката дали да ја чекаат правдата до крај или да се решат да одат на избори за да не се раздолжува кризата.

– Токму заради тоа прифативме еден исчекор само во делот на медиумите. Нашите ставови се јасни. Во првите сто дена како победнички претставници на граѓаните ќе го гласаме во Парламентот законот предложен од меѓународната заедница преку Питер Ванхојте, односно Здружението на новинари на Македонија. Ќе продолжиме во првите шест месеци да ги реализираме сите реформски приоритети, како и сите забелешки односно сугестии, приоритети од Извештајот на Прибе, рече Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1