Заев на ФБ: Воведуваме Младински додаток, 3.000 денари месечно


Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави дека ќе се воведе додаток од 3.000 денари месечно за сите млади во производната дејност.

„Воведуваме Младински додаток, 3.000 денари месечно, за сите млади во производна дејност!

3.000 денари исплата на лична сметка на сите млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование и кои се во работен однос со социјално осигурување во производствена дејност, потоа на младите лица ангажирани кај работодавач од производствена дејност преку приватна агенција за вработување, како и на млади земјоделци со социјално осигурување.

Поттикнуваме вработување на младите лица во производство по завршување на средното образование. Оваа мерка ги задоволува и потребите на работодавачите за квалификувана работна сила.

Создаваме силна економија во која постои шанса за сите млади луѓе“, напиша Заев на ФБ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1