Заев најави реконструкција – добредојдена е опозицијата, без ВМРО-ДПМНЕ (Видео)


Премиерот Зоран Заев денеска најави дека ќе има реконструкција на Владата и оти почнуваат разговори за зголемување на парламентраното мнозинство.

– Веројатно ќе разговараме со сите опозициски политички партии, освен со ВМРО-ДПМНЕ – истакна Заев по денешниот Форум за владеење на правото во ЈИЕ.

Реконструкцијата на Владата и евентуалните промени во ресорите, како што посочи премиерот, ќе бидат договорите со политичките партии и пратениците, кои би ја прифатиле владината програма за влез во парламентарното мнозинство.

– Апсолутно ќе разговараме со сите кои имаат намера да поддржат концепт на едно општество за сите, оние кои се придржуваат до вредностите на ова владејачко мнозинсто, а тоа апсолутно со Законот за јазиците е определено во кој правец ќе се движиме- истакна Заев.

Премиерот додаде дека луѓето кои што не даваат шанса на едно општество за сите како концепт, не можат да бидат дел од парламентарното мнозинство. Почнувањето на процесот на зголемување на парламентарното мнозинство, според него, ќе значи испраќање сериозна порака до граѓаните, до стопанството, до општеството дека Владата има намера преку посилно и стабилно мнозинство до Собранието да носи сериозни одлуки во Република Македонија, кои, како што наведе, се на повидок и доаѓаат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1