Мицкоски и Заев на дуелот денеска на Канал5 говореа за СЈО.
Христијан Мицкоски околу Законот за јавно обвинителство кажа дека денеска е доставена верзијата на предлог-амандманите откако власта ги прифатила трите принципи.
– Правда за секого и сите, неселективна правда и за поедина група на луѓе и почитување на човековите права се принципите, вели Мицкоски.
Кажа дека не подразбира Законто постоење на СЈО туку инкорпорирање.
– Ако досега ова обвинителство биде инкорпорирано и му бидат оставени исти ингеренции, не сме ја постигнале целта. Имаме сиромашен буџет и средства, па најдобро е да се спои. Тоа е предлогот, вели Мицкоски.
Од друга страна премиерот Заев истакна дека е оптимист кој не се откажува од иднината на Северна Македонија.
– Не се откажувам од Катица Јанева зошто е капацитет, истакна Заев.
Додаде дека дијалогот продолжува и понатаму и треба да се направи се со консензус да се гласа Законот.
– Се поставува прашањето дали Мицкоски и ВМРО ќе ја блокираат иднината на Северна Македонија штитејќи криминал, дали ќе се блокира земјата и ќе се изгубат преговорите за ЕУ за заштита на криминалци, заврши Заев.