Тврди дека бил местен и дека му бил нуден поткуп, но случајот не го пријавува во полиција. Зоран Заев иако јавно уверува дека пред два дена пријавил понуден поткуп од струмички бизнисмен, таква пријава нема ниту во полицијата ниту во Јавното обвинителство, објави Сител.
Струмичкиот бизнисмен кој барал приватизација на градежно изградено земјиште пријавил дека Зоран Заев му побарал 200.000 евра поткуп уште на 20-ти декември 2013-та или пред речиси година и половина.
Интересно е што Заев за целиот овој период ниту еднаш не пријавил дека некој му понудил поткуп, како што тврди сега, откако полицијата ја финализираше истрагата, објавува Сител.
-Од општина Струмица не откриваат кога започнала постапката за приватизавција на земјиштето, но според неофицијални информации таа траела повеќе месеци пред бизнисменот да пријави дека за нејзино завршување му се побарани пари.Општината за сите одговори упатува на партискиот говор на Заев во Универзалната сала што доведува до дилемата дали СДСМ и општина Струмица се една иста организација, пренесе Сител.
Во меѓувреме интензивно трае истрагата за корупцискиот скандал. Оштетениот бизнисмен и денеска дал исказ пред надлежните истражни органи.