Заев нема да се кандидира за претседател на државата


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека нема намера да се кандидира за претседател на Република Македонија на претстојните претседателски избори.

Одговорајќи на новинарски прашања на маргините од регионалниот форум за Истанбулската конвенција, Заев рече дека не би прифатил да се кандидира за претседател и смета дека треба да го истера целиот премиерски мандат, кој му го дале граѓаните. Заев и изрази уверување дека има многи подобри претседателски кандидати од него.

– Одговорноста пред граѓаните и моите ставови е дека треба да се истера цел мандат, да се даде шанса на економијата, да се даде шанса на реформите, на целиот овој процес, конечно Македонија заслужува еден цел мандат, рече Заев и изрази уверување дека има многи подобри претседателски кандидати од него.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1