Заев очекува уставните измени да се донесат во јануари со широка поддршка во Собранието


Европратениците Дејвид Мекалистер и Кнут Флекенштај со поддршка за Договорот за името и реформските процеси.

На средба со премиерот Заев истакнале дека договорот е пример за регионот, но и за Европа.

Премиерот Заев ги информира дека процесот на уставни измени очекува да заврши во јануари со широка поддршка во парламентот.

„Нашите очекувања се дека уставните амандмани ќе добијат широка политичка поддршка во Собранието, со што ќе се овозможи реализација на Договорот од Преспа. Паралелно работиме на реализацијата на реформите во клучните области, што очекуваме да ги заокружиме до март. Поканата за НАТО и можноста за почеток на преговорите со ЕУ е висока мотивација за институциите во реформскиот процес“, истакнал премиерот Заев на средбата со европратениците.

На средбата со претседателот на Собрание, Талат Џафери европратеникот Меклистер порачал дека Договорот има голема поддршка во Европскиот парламент, додека Флекенштај потенцирал дека и европските институции мора да ја завршат својата работа и да ги исполнат дадените ветувања во однос на земјите кандидати. Европарламентарците се сретнаа и со осуммина пратеници од ВМРО ДПМНЕ кои дадоа поддршка за уставните измени и сега делуваат како независна пратеничка група.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски на средба со Мекалистер истакнал дека земјата се соочува со деликатна политичка состојба, но дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена квалитативно да ги помогне реформските процеси кои би гарантирале напредок но дека пред се тоа зависи од волјата и способноста на владата да биде носител на тие процеси.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1