Заев откри под кои псевдоними биле водени прислушуваните


Лидерот на СДСМ бил воден под псевдонимот „ДС Зеко“, Бранко Црвенковски бил „Крст“, Миле Јанакиески – „Тутун“, Силвана Бонева била „Босил“, Драган Павловиќ Латас бил „Талас“, Владо Бучковски бил „НДС Бува“ – наведе Заев.

Лидерот на СДСМ ја објавува бомбата 27, за која тврди дека ќе се дознае кој точно прислушувал.zoran-zaev1-540x360

СДСМ располага со огромна документација која потврдува дека во Македонија се одвивала нелегална операција за масовно прислушување. Се што поседуваме ќе биде доставено до соодветните државни органи, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција објавувајќи ја најновата „бомба“.

– Денес ќе презентираме докази кои следел и како го правел тоа. Имаме повеќе од 100.000 во транскрипти, повеќе од 18.000 СМС пораки, повеќе од 12.000 различни телефонски броеви. Податоците потекнуваат од Управата за безбедност и контраразузнавање при МВР. Сашо Мијлаков и Никола Груевски со години неовластено прислушкувале граѓани на Република Македонија – рече Заев покажувајќи материјали изработени во Ексел програма.

Под псевдоними следени се Заев, Црвенковски, Јанакиески, Бучковски и Јанакиески, а според Заев тие се само дел од 20 илјади граѓани кои биле изложени на прислушувањето.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1