Народот го чека 11 декември за да си ги врати слободата и демократијата, за да го врати животот во Македонија, порача од Валандово лидерот на СДСМ и носител на кандидатската листа за пратеници во Изборната единица 4 Зоран Заев.
Заев ја претстави програмата на коалицијата „За живот во Македонија“ и ги повика сите граѓани, но пред се неопределните, да гласаат.
– Планот за живот ќе биде учебник за секој член на идната власт која гарантира достоинствен живот за сите во Македонија, истакна Заев на митингот во Валандово.
Лидерот на СДСМ упати и апел до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски да излезе на дуел, да разговараат за, како што рече, економијата, младите, за вистината во Македонија.