Заев: По изборите ќе мете метлата од претпријатијата до Влада


По изборите ќе дојде редот на метлата која ќе чисти од јавните претпријатија па сѐ до министрствата и Владата, изјави премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција.

Одговарајќи на новинарско прашање тој рече дека го разбрале алармот од граѓаните.

„Промени ќе има во сите сфери. Ние сме избрани од народот и затоа треба да одговориме на нивните потреби. Ќе има кадровски промени, онаму каде што нема резултати и функционалност, безралика дали тоа е во Владата, министерствата или во други институции“, изјави Заев.

Додаде дека со претседателот на ДУИ, Али Ахмети не разговарале за кадровски промени, туку средбите биле сконцентрирани на претседателските избори.

„Ве уверувам дека ќе има простор и ќе ги исправиме грешките, ја разбравме пораката“, рече Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1