Го ослободивме патот по кој денес дојде правдата. Граѓаните, државата, институциите и системот – тоа сме ние. Сите ние, секој од нас денес може да има повеќе мир за себе, во себе. Бидејќи, кога има правда има и мир, напиша премиерот Зоран Заев денеска на Фејсбук, по пресудите изречени за случајот „Таргет-Тврдина“.
„Правосудниот систем e независна власт и денес гледаме дека ги има сите околности да спроведува истрага без влијанија и да организира обвинителска и судска постапка во која важат само доказите и одредбите за фер и правично судење, за секој без исклучок.
Тоа е начинот на кој треба да бидат спроведени и довршени сите предмети за организиран криминал и против Уставот и достоинството на граѓаните.
Времето на неказнивост и на привилегии на криминалните актери го оставаме во историјата“, напиша Заев на Фејсбук.