Зоран Заев на вечерашната прес-конференција по вториот круг на локалните избори ја презеде одговорноста за постигнатите резултати и од партиската говорница поднесе оставка на позицијата претседател на СДСМ и од функцијата премиер на Владата на Македонија.
Тој рече дека е горд што ја внесе Македонија во НАТО. Верува дека за неколку месеци имаме шанси да почнеме преговори. Кажа дека имаме направено и успешен попис.
Заев е разочаран затоа што како што тврди, фирми вложиле пари, имало пари на терен и тоа придонело за резултатот. Кажа дека имало сојуз помеѓу луѓе кои на 27 април биле во Собранието на спротивставени страни.
„Ред е граѓаните да поддржуваат почитичари кои носат тешки одлуки“, рече Заев.
Тој додаде дека поради лошиот резултат на изборите, поднесува оставка, но не е за вонредни избори. Заев рече дека му било чест да му служи на народот.