Премиерот Заев денеска од говорница побара помирување по настаните од 27. април.
– На 27. беше кулминација, ќе се убиевме пред очите на сите. Прилика е да си простиме и да си кажеме доста е, браќа сме и сестри, роднини и пријатели во Македонија, истакна тој.
Вели прва мета бил тој, па дури и опозицијата и ги повика да признаат дека се плашеле.
– Да си подадеме рака и да си простиме, треба прво ние за да се помири и народот, истакна Заев.
Рече знае дека тоа има цена и тоа политичка и подготвен е да ја плати.
Министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми на својот Фејсбук профил демантираше дека Заев понудил амнестија за крвавите настани од 27 април, по веста која се прошири на дел од медиумите.
Премиерот во своето излагање пред пратениците повика на обединување и рече дека пружиле рака за помирување, што беше протолкувано како понуда за амнесија. Адеми побрза да објасни дека не станува збор за амнестија и дека помирување не значи и амнестирање.