Заев предложи СЈО да влезе во државното обвинителство на чело со Рускоска


Специјалното јавно обвинителство да премине во државното како Обвинителството за гонење на организиран криминал и висока корупција, а досегашната специјална обвинителка Катица Јанева да ја замени обвинителката Вилма Рускска. Ова е предлогот на премиерот Зоран Заев откако ја откажа лидерската средба поради тоа што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја одби поканата. Заев понуди целосно нов закон за обвинителство кој ќе го достави на сите политички партии, а во понеделник ќе поднесе и во Собранието.

Заев од позиција на премиер веќе го сугерираше името за прв човек на новото обвинителство, но вели дека тој ќе биде автономен бидејки политичарите нема да одлучуваат за негово разрешување. Тоа ќе го прави Советот на обвинители со дво-третинско мнозинство. Новото обвинителство ќе треба да има и свој буџет што нема да зависи од Владата и парламентот. Во него ќе преминат и сите обвинители и истражители кои сега работат во СЈО.

Премиерот е убеден дека во Собранието ќе обезбеди двотретинско мнозинство потребно за да се донесе ваков закон. Заев ги брои и гласовите од ВМРО-ДПМНЕ бидејки според него отстранета е главната пречка за договор – Јанева, а и внесени се и голем дел од досегашните забелешки од опозицијата.

Од опозициската партија на писмено го чекаат предлогот на Заев, но во меѓувреме ќе работат и на својот закон за обвинителство.

„Освен дека е изготвен предлог-закон, ги слушнавме и желбите на Зоран Заев кои и не се нешто ново. Најголем кошмар му останува ВМРО-ДПМНЕ, а главна цел да ја скрши и забрани партијата која му е единствена пречка во неговгата намера неказнето да ја ограбува државата и граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот очекува преговорите со пратениците и партиите да завршат до крајот на август за да може законот да биде донесен пред одлуката на Европскиот совет за датум за почеток на преговорите со Унијата во октомври.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1