Заев призна дека бил измамен: „Не сум единствен, листата покажува дека сум во добро друштво“


На прес конференција попладнево премиерот Заев призна дека бил жртва на измама и ја призна автентичноста на снимката на која Заев разговара со лажниот Порошенко, а ја објавија руски пранкстери.

„За жал и јас станав еден од оние кои беа измамени во добро организирана структура,најчесто насочени против личности и земји со евроатлански аспирации.

Сепак не сум единствен, на ист начин измамени се Макрон, Борис Џонсон, Елтон Џон и Ердоган, листата покажува дека сум во добро друштво.

Испочитувани се сите протоколи пред да се воспостави комуникацијата“ рече Заев .

Заев истакна дека жали што ги објавил телефонските броеви на Вес Мичел и останатите државници, но подвлече дека не планира да поднесе оставка, бидејќи според него во случајот не се работи за издавање на државна тајна.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1