Ајде да го отворам срцето овде во Кичево, иако имаме ливче со говор во џебот. Ќе ви кажам една тајна која сите ја знаете – режимот ќе падне на 11 декември, ќе победиме. Со „бомбите“ мавав директно во чело кон криминалците на власт, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашниот митинг во Кичево.
– Квазипатриотот Груевски шири национализам, десет години е премиер, а повторно се обидува да го подели народот. Зборува за чувствителни теми кои мора да ги затвориме во 21 век. Светот се бори за економија, за среќен народ. Има ли иднина со делби и со поделби. Пријатели, мораме здружени, немаме друго освен оваа парче земја, која сите и Власи, и Тури, и Албанци, и Роми ја платија со крв. Во 21 век повторно зборуваме за слобода, затоа што имаме корупирани политичари. А, тави, само со национализам може да живеат. Треба да знаат, двојазичност и федерализација не одат заедно. Од лажење се изгубија – рече Заев.
Тој рече дека треба да се бориме за среќа на младите, да се радуваме на животот.
Тој рече дека иднината со „Осломеј“ е убава, но дека некој мора да работи за да има јаглен уште многу децении.