Заев со честитка за Божиќ: Да си подадеме рака едни кон други


Зоран Заев упати честитка за празниците.

  • Нека ни се среќни големите христијански празници Бадник и Божик. Овие празнични денови, меѓу најблиските и саканите, секој нека го почувствува огнот на светлината и топлината, што водат кон мир и радост.

Христовото раѓање потсетува на одговорноста пред којашто е исправен секој совесен човек, да стои искрено и храбро на страната на вистината и правдата, да ги негува и практикува вредностите на солидарност, на подадена рака едни кон други, на меѓусебна почит, разбирање, мудрост, трпение, љубов.

Низ сплотеност и хармонија, како што упатуваат христијанските вредности, кои се и универзални вредности, да продолжиме уште пофокусирано по патот по којшто придонесуваме кон достоинствено општество на спокојни и среќни луѓе.

Христос се роди!, напиша тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1