Заев: ЦО едногласно одлучи СДСМ не учествува на избори на 24 април


Сoцијалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) нема да учествува на изборите на 24-ти април, но до пред распуштање на Парламентот даваме шанса да се корегираат одлуките за датумот на изборите, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев по синоќешната седница на партискиот Централен одбор.zoran-zaev1-540x360

На Централниот одбор, потенцира Заев, едногласно е заклучено дека фер, регуларни и и демократски избори се императив, а не датумот на изборите. – На Македонија не и требаат уште едни нерегуларни избори. Затоа менувањето на датумот на изборите не е желба на опозицијата, туку потреба за целосна имплементација на договорот од Пржино, ги соопшти Заев заклучоците.

Претседателот на СДСМ рече дека квалитетна и кредибилна проверка на Избирачкиот список не може да се направи за 40 дена и нагласи дека без кредибилен и веродостоен Избирачки список нема регуларани избори. – Нема фер и демократски избори без соодветна регулација на медиумите и создавање фер медиумски простор за сите политички партии со навремен ефект пред изборите. За СДСМ се неприфатливи избори без навремено прочистен Избирачки список и без навремена регулација на медиумите. Затоа, на избори на 24-ти април СДСМ нема да учествува, изјави Заев.

Според него, едностраната одлука на власта да го распушти Парламентот на 24-ти февруари и да оди на избори на 24-ти април, без претходно исполнети услови за фер, регуларни и демократски избори ја ставила СДСМ пред одлука со две опции, да ги напушти државните институции или да даде шанса да се корегираат одлуките за датумот на изборите.

– Остануваме посветени, договорот од Пржино да се исполни во целост. Ние нема да бидеме причина за кршење на Договорот од Пржино. До пред распуштањето на Парламентот даваме шанса да се корегираат одлуките за датумот на изборите, за да може да се исполнат условите за фер, демократски и регуларни избори преку навремено прочистување на Избирачкиот список и преку навремена регулација на медиумите, рече Заев.

На новинарско прашање дали остануваат во Владата рече дека според одлуките следниот месец до пред распуштање на Парламентот остануваат на се што е предвидено согласно Договорот од Пржино. – Тоа значи остануваме во Влада, остануваме во Парламент целосно да не дадеме никаква причина на нашиот политички противник дека ние сме тие коишто го прекршиле Договорот, а притоа да остане и потребата од улогата како барање на опозицијата за техничка влада, секако ако тоа не се случи да во овој период се одложат изборите а тоа ќе го знаеме најдоцна до денот на распуштање на Парламентот, веднаш Централниот одбор ќе ги соопшти одлуките коишто и граѓаните очигледно ги очекуваат, рече Заев

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1