Заев утре треба да даде конечен одговор за името


Утрешниот ден е најкритичен во процесот на преговори за изнаоѓање решение за името, со оглед дека Владата и премиерот Зоран Заев се обврзале да одговорат дали се прифаќа финалниот компромис кој што се наоѓа на масата, пишува „Хелас џурнал“, повикувајќи се на извори во Њујорк.

извори на МкД.МК. потврдуваат дека утре ќе биде телефонскиот разговор меѓу премиерите Заев и Алексис Ципрас.

Во текстот на „Хелас џурнал“ пишува дека и двете страни имале забелешки на финалниот предлог, но сега се чека одговорот од Заев, кој, како што се наведува, се нашол во тешка ситуација по протестот во Скопје, но и негативниот став на претседателот Ѓорге Иванов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1