Заев: Вистината за „Монструм“ ќе ги расчисти облаците над овој процес


Во интервју за тетовската телевизија Арт, лидерот на СДСМ, Зоран Заев најави дека сите недоумици околу случајот “Монструм“ ќе исчезнат по објавувањето на материјалите.zoran-zaev1-540x360

 

– Не ја знаат вистината, ни оние кои се наводно виновни за убиствата во овој процес, и оние кои што ги изгубија животите, односно сега нивните семејства не веруваат дека е така како што е претставено во јавноста, и тие ја сакаат вистината. Тоа што ќе го обелоденам се телефонски разговори и смс пораки, нема јас да го толкувам тоа, јавноста ќе го протолкува сама како и досегашниот процес. Таа вистина ќе даде одговори на многу прашања. Може овој процес нема да ги даде сите одговори, но ќе даде огромен процент одговори и ќе расчисти многу облаци кои сеуште надвиснуваат над овој процес. Тоа не може да предизвика меѓуетнички конфликт, тоа може само да ги обедини сите кон општоприфатените вредности , кон човечноста, рече Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1