Заев: Владата ќе ги смени имињата на аеродромот и на автопатот – Изјавите на Заев и на Ципрас (ВИДЕО)


Владата ќе ги промени името на аеродромот и на автопатот. Автопатот ќе се вика „Пријателство“.

Ова го изјави премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција вечерва со премиерот Алексис Ципрас во Давос по речиси тричасовната нивна прва средба.

Остануваме посветени на преговарачкиот процес за чија имплементација е назначен медијаторот Метју Нимиц од Обединетите нации. Ќе го кренеме нивото на преговорите, министрите за надворешни работи ќе ги преземат преговорите под наше покровителство. Тие ќе работат заедно со нивните тимови, што ќе придонесе за динамика и суштина во процесот на преговорите, изјави премиерот Зоран Заев по средбата со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас, вечерва во Давос, Швајцарија, во рамки на Светскиот економски форум.

– Со цел конкретно да докажаме дека сме посветени Владата ќе го промени името на аеродромот и на автопатот. Автопатот ќе се вика „Пријателство“. Нашите активности ја покажуваат нашата добра волја. Ова сведочи за фактот дека немаме никакви аспирации кон нашиот сосед. Тие ќе ни помогнат во нашите аспирации кон ЕУ и другите меѓународни организации. Силно сме посветени на мерките за градење доверба на целиот процес со цел да се надмине прашањето на двете земји. Цениме дека сме на вистинскиот пат да постигнеме решение. Мнозинството граѓани од двете земји сакаат блиски и пријателски односи, сакаме да стоиме рамо до рамо во тешки и предизвикувачки моменти. Крајно време е да се најдеме решение затоа што тоа е клучно за нашите ЕУ и НАТО перспективи – рече Заев.

Премиерот Ципрас изрази задоволство од првата средба со Заев, која, како што рече е прва средба на двајца премиери од овие две земји по седум години и за која оцени дека отворила нови прерспективи за во иднина.

– Сакаме да ги поставиме нашите билатерални односи на цврсти основи. Мора да се бориме против иредентизмот во секоја форма. Мора да најдеме решение за сите отворени прашања. Мора да најдеме заеднички прифатливо решение ерга омнес и се согласивме процесот да се води во ОН. Со премиерот се согласивме дека мерките за доверба треба да се интензивираат – рече Ципрас.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1