Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија објави оглас за вработување на еден посебен советник за труд и социјална политика во Канцеларијата на премиерот Зоран Заев. Вработувањето е на определено време.
Кандидатот треба да има стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, научно поле: социјална работа и социјална политика; правни науки.
Советникот треба да биде подготвен да ги исполни и посебните услови на работното место: работа за време на неделен одмор, работа за време на празници утврдени со закон заради извршување на итни и неодложни работи.
Основна нето платата што ќе ја добива овој советник е 50.000 денари.
Рокот за пријавување на кандидат и трае до 20 ноември.
Со ова вработување бројот на советници-експерти во кабинетот на Заев би изнесувал вкупно 40.