Премиерот Зоран Заев во вечерашната Тема на денот во Дневникот на Сител кажа и дека конктатирал луѓе од тајни служби низ светот.
-Фајзер договорот е потпишан. До крајот на март 21.000 вакцини ќе стигнат. Од април мај почнуваат да стигнуваат поголемите количини. Преку Ковакс очекуваме 20-30.000 да стигнат до крајот на март. Во март очекуваме да стигнат и кинеските. Работите зависат од севкупните количини произведени во светот. Последните писма ги испратиме до АстраЗенека Австрија. Иако претходно контактиравме и со АстраЗенека Британија. Вртев и по тајните служби да помогнат, луѓе кои биле дипломати, сега се шефови на МИ6 и слично, кажа Заев.