Заев за хаосот во МНТ: Манифестацијата не била баш културна


Премиерот Зоран Заев се огласи по демолирањето на МНТ од страна на „Шверцерите”, на прославата во петокот.

  • „Секој вандалски чин е за осудување, тука нема дилеми. Јас бев информиран дека учествувам во првиот дел на активностите, а тоа е делот на одбележувањето на Денот на албанската азбука, без присутен таму, останав дури малку и на коктелот и заминавме. Ми кажаа дека има втор дел, за млади. Вториот дел не била толку културна манифестација. Треба да понесат одговорност одговорните луѓе за таа работа”, вели премиерот.

Тој не одговори дирекно дали ќе бара одговорност од Груби.

За потсетување, навивачката група Шверцери во петокот присуствувала на настан, проекција на документарен филм за 30 години постоење на Шверцери и направила хаос.

Директорката на МНт пак денеска за Фокус изјави дека таа го повикала Груби, но тој рекол дека тие само си пеат.

-Се работеше за два настана во организација на Владата и никој не очекуваше вакво нешто. Првиот дел помина во најдобар ред, свечена академија и одбележување на Денот на албанската азбука, а потоа започна вториот, за кој пратеникот Артан Груби беше координатор и ме извести дека се работи за проекција на документарен филм за Шверцери. Посетителите си влегоа културно во театарот, а тоа што се случи потоа беше голем шок. Кога започна дивеењето, јас му се јавив на Груби и го замолив тој, како авторитет, да апелира посетителите да се смират и да не прават штета. Неговиот одговор беше дека тие само си пеат навивачки песни, вели таа за Фокус.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1