Премиерот Зоран Заев во фејсбук објава на својот фејсбук профил посочи дека на вечерашната седница на Владата е донесена одлука да ги награди фудбалерите за историскиот успех со по 10.000 евра.
„Вечерва на седница на Владата донесовме одлука од буџетските резерви да ги наградиме сите членови на македонската фудбалска репрезентација со по 10.000 евра, за историскиот успех – пласман на Европско првенство.“ напиша на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.