Загадениот воздух ја полни клиниката за пулмологија – Граѓаните спас бараат и кај народниот правобранител


Главниот град на Македонија во моментов се најде на високото шесто место во светот по загаденост на воздухот, со индекс на загадување од 158, што го прави опасен за дишење. Според објавеното, Скопје е и втор најзагаден град во Европа, покажуваат податоците на платформата за мерење на квалитетот на воздухот IQAir. Од останатите градови во регионот, единствено Сараево е во полоша ситуација и се наоѓа на 4-тото место во светот со загаденоста на воздухот со индекс од 187.

Еко-активистите предупредуваат на потребата од итни мерки за справување со аерозагадувањето, кое сериозно го загрозува здравјето на луѓето.

По повод Светскиот ден за борба против хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), од Клиниката за пулмологија, аерозагадувањето беше наведено како дополнителен товар на пациентите со оваа болест. Она што поединци го користат за горење и греење во текот на зимата, поради недоволна свест и немање други финансии, како што беше истакнато, силно придонесува за вакви проблеми.

Граѓаните спас од загадениот воздух бараат и кај омбудсманот. Од 40 претставки кои пристигнале на адресата на народниот правобранител од областа на животната средина, дури половина од нив се за загадениот воздух.

До народниот правобранител, поднесени се 40 претставки од областа на животната средина, од кои околу 20 за квалитетот на воздухот, изјави Насер Зибери, одговарајќи на новинарско прашање по Меѓународната конференција на народни правобранители.

За загадениот воздух зборуваше и првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, кој пак, рече дека се работи за проблем кој е актуелен со години, но како држава неопходно е да се соочиме со реалноста – или ќе плаќаме казни или тие пари ќе ги насочиме кон инвестиции и решавање на причините, а не да се занимаваме со последиците.

Како што истакна, веќе има амбиент и прво решение е гасификација на урбаните средини каде што загадувањето е најголемо, бидејќи тоа е долгорочно решение.
Според податоците од веб-страницата IQAir, Скопје и утрово беше прв најзагаден град во Европа, а на десетто место во свет, со индекс на загадување од 124.

Според извештајот што годинава го објави IQ Air, постои подобрување од 0,4 микрограми на метар кубен помалку ПМ 2,5 честички во однос на лани, но сепак Македонија и натаму е на второто место на најзагадена европска држава, зад Босна и Херцеговина.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1