Загина аргентински новинар – сопругата дознала на Твитер


Познатиот аргентински спортски новинар Хорхе Лопез загинал во Бразил кога во таксито во кое се возел удрил украден автомобил во кој се возеле крадците кои бегале од полицијата. Неговата сопруга трагичната вест ја дознала од Диего Симеоне.

lopezzzz-500

-Не беше само прекрасен новинар, туку и голем пријател. Многу сум тажен. Моето сочувство до Вероника Брунати и неговото семејство. Почивај во мир Хорхе „Топо“ Лопез, напиша Сионе на Твитер со што ја шокирал сопругата на Лопез.

tviterrrr

-Не. Не ми го вели тоа. Јас сум неговата сопруга. Некој нека ми се јави во хотелот Жардам, напишала неговата сопруга откако на бизарен начин дознала за трагедијата.

„Оле“ пренесува дека таксистот поминал со полесни повреди, додека двајца од тројцата лица во украдениот автомобил се малолетни, а сите биле уапсени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1